За Нас

Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ од своето основање во 2012 година до денес, успеа да се прифилира во едно од водечките адвокатски друштва, при давање правни услуги во делот на трговско право, корпоративно управување, инвестициите во рударскиот сектор, секторот за недвижности, енергија, стечајните постапки и работните односи.

Нашата посветеност, ни овозможи да работиме на некои од најголемите преземања и инвестиции во нашата држава во изминатиот период.

Адвокатското друштво ТОШИЌ & ЈЕВТИЌ е член на Македонско-бугарската стопанска комора,     АМCHAM – THE AMERICAN CHAMBER OF COMMERCE IN MACEDONIA, каде нашите партнери и адвокати активно учествуваат во подобрување на законските решенија за членките на коморите и на целата бизнис заедница во целина.

Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ од своето основање во 2012 година до денес, успеа да се прифилира во едно од водечките адвокатски друштва, при давање правни услуги во делот на трговско право, корпоративно управување, инвестициите во рударскиот сектор, секторот за недвижности, енергија, стечајните постапки и работните односи.

Реорганизација и спасување од банкрот на денес една од водечките ИТ компании во РСМ, со преку 200 вработени и процената вредност од над 30милиони евра.

Во 2014 година услуживме повеќе од 100 клиенти

Помош и подршка на странска инвестиција при прибавување на концесија и рестартирање на два рудника во РСМ, во вредност од преку 20милиони евра.

Наплатени побарувања за нашите клиенти од над 1 милион евра

Особено горди за учеството во најголемата Venture Capital инвестиција во Македонија во ИТ сектор и што успеавме на нашите клиенти да им помогнеме во наплата на нивните побарувања во вредност од повеќе од 3 милиони евра;

Правна помош и подршка при обезбедување на една од првите лиценци за одгледување на канабис за медицински цели за клиент чија вкпна инвестиција надминува 20милиони евра

Наплатени повеќе од 5 милиони евра во побарувања за нашите клиенти

Правна помош и поддршка на клиент во процес на обезбедување на документација и поддршка при изградба на туристички станбен комплекс во вредност поголема од 5 милиони евра.

Успешно застапувавме и победивме за американска компанија Арбитражна постапка пред Арбитражниот суд во Скопје, во корпоративен предмет во вредност од над 16.000.000.000 денари. Неколку наши клиенти се најдоа во првите 20 најпрофитабилни компании во Северна Македонија за фискалната 2021 година

Работевме на преструктурирање на една од најголемите ИТ компании во Македонија, и нејзино  превземање од страна на голема ИТ компанија  САД. Вредноста на транскацијата,  5 милиони $ со можност за најзино зоглемување.