Корпоративно Право

Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ нуди високо професионални услуги од областа на трговското право на домашни и странски правни лица.
 

Ние во Адвокатското Друштво Тошиќ и Јевтиќ сме особено посветени и внимателни во прецизната и соодветна примена на одредбите од законските и подзаконските текстови од легислативата во оваа област, а следствено на тоа и во практицирањето на трговското право во односите со нашите Клиенти.

Нашето Адвокатско друштво е специјализирано во областа на трговското право и ги нудиме сите услуги од оваа област меѓу кои:

  • Oсновање на трговски друштва и други правни лица
  • Сите видови промени во трговските друштва и други правни лица
  • Спроведување на постапка за ликвидација на трговско друштво
  • Статусни промени (присоединување, спојување и поделба)
  • Правна помош од областа на стечајна постапка
  • Купопродажни договори и преддоговори
  • Општи советодавни бизнис – услуги
  • Преземања и спојувања
  • Реструктурирање
  • Корпоративно управување
  • Пренос на удели
  • Заштита на потрошувачи;
  • Странски директни инвестиции
  • Длабински правни анализи на друштвата (Due diligences)
  • Правни мислења од областа на банкарство и финансии.

Нашиот тим во оваа област го предводат:

Ивица Јевтиќ

Уравувачки партнер