Работни Односи

Работните односи, процесот на нивното засновање, траење и престанокот на истите, се значаен сегмент од работењето на секој Работодавач но и Работник.

Оттука, ние во Адвокатското Друштво Тошиќ и Јевтиќ сме особено посветени и внимателни во прецизната и соодветна примена на одредбите од законските и подзаконските текстови од легислативата во оваа област, а следствено на тоа и во практицирањето на трудовото право во односите со нашите Клиенти. На нашите Клиенти им нудиме сеопфатни совети и сме активно вклучени во процесите од засновањето, успешен тек, унапредување на работните односи, како и престанок на истите, кога е тоа неопходно, а ги застапуваме и во судските постапки на работни спорови, иако нашата прва и главна цел е таквите постапки да ги избегнеме, намалиме или кога се крајно решение, да ги добиеме во корист на Клиентот кој го застапуваме, секако.

Нашиот тим во областа на работните односи го предводи Партнер Адвокат Ана Тошиќ Чубриновски.

  • Услуги од областа на работните односи од приватниот сектор во разни области од индустријата;
  • Менаџмент на човечки ресурси
  • Превентивни мерки
  • Договори за вработување и конкурентски договори
  • Менаџерски договори
  • Дисциплински правилници и интерни акти кај работодавачот
  • Советување од областа на работните односи
  • Обуки за работодавачите и менаџментот
  • Судски постапки од областа на работните односи
  • Заштита и безбедност при работа

Нашиот тим во оваа област го предводи:

Ана Тошиќ

Управувачки партнер

Љупка Наумоска Ѓорѓиевска

Адвокат

Announcement!

The page of https://tosicjevtic-law.com/ will redirect you to www.jpm.law as the firm operate under the brand JPM & Partners from October 30, 2024. This change signifies a rebranding effort, allowing the firm to continue providing legal services under a new identity while maintaining its existing clientele and services.

Please wait while you are redirected...or Click Here if you do not want to wait.